|

Австрискиот амбасадор Памер во посета на Битола

Амбасадорот на Австрија во Македонија, н.е. Мартин Памер, вчера престојуваше во работна посета на Општина Битола, каде што се сретна со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Градоначалникот Коњановски нагласи дека зголемената соработка може да придонесе за поголем економски развој на локално ниво и за раст на целиот Пелагониски регион.

Амбасадорот Памер, пак, ја истакна важноста на културно-историското наследство на Битола, кое според него претставува клучен сегмент во промоцијата на градот пред европската и светската јавност.

Слични Објави