Анимираниот филм „Поплава“ во киното „Мис Стон“

На 22 ноември 2025 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во киното „Мис Стон“ ќе биде прикажан анимираниот филм „Поплава“, остварување што веќе привлекува внимание на филмската публика низ Европа.



Влезниците ќе бидат достапни на билетарницата на киното секој работен ден од 10:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 19:00 часот, како и еден час пред проекцијата.

За филмот „Поплава“:

Приказната ја следи една осамена мачка која, откако нејзиниот дом е уништен во голема поплава, наоѓа спас на брод населен со различни животински видови. Принудена да ја надмине својата самотија, таа ќе мора да се здружи со новите сопатници, и покрај сите разлики меѓу нив.

Филмот, под оригиналниот наслов Straume, е во режија на Гинтс Зилбалодис, трае 85 минути, а е копродукција на Литванија, Белгија и Франција. Жанровски припаѓа во анимација и е категоризиран во Прва категорија, што го прави погоден за најширока публика.

.

Слични Објави