ПРЕМИЕРА НА „МАЃЕПСАН КРУГ“ – ПРОЕКТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ И МАЛОЛЕТНИЧКИ БРАКОВИ (ВИДЕО)
Денес во библиотеката на СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп, се одржа пресконференција по повод премиерата на претставата „Маѓепсан круг“, која е резултат на соработка помеѓу Радио Пела и Драмската секција „Мало театарче“ при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.
Претставата ќе се оддржи на 18-ти (петок) октомври, 2024 година, на сцената во големата сала при НУЦК Марко Цепенков, со почеток во 19 часот. Влезот е слободен!
Претставата вклучува четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе. Од вистински стории, чии идентитеи се скрени, авторот на драмскиот текст и сценарист, Филип Стојаноски, преку своите истражувања се ободува да го доближе злосторство кое се случува во секој регион во светот, за жртвите кои можат да бидат мажи, жени и деца без разлика на потекло, со цел заедницата да го препознае, пријави и спречи. Сето тоа направено под креативно уметничко водство на режисерот, Билјана Тинтоска, која ја изготви и сценографијата, за да ја доближи темата до публиката, со музичка поддршка на Добрила и Дориан Дуо и со техничка поддршка на Радио Пела, кој е
носител на иницјативата “Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“, која има за цел подигнување на јавната свест кај локалните заедници, за борба против трговијата со луѓе и присилните
детски бракови.
Во претставата играат актерите: Исидора Попоска, Милана Здравеска, Марија Котева, Исидора Николоска, Марко Костадиноски, Марија Јовеска, Вања Младеновски, Матеа Стојчевска, Марија Стеваноска, Даниел Главчев, Михаил Тркалески, Тамара Димитриеска, Михаил Јорданоски, членови на драмската секција „Слободно театарче„ СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп



