Прилепската „Пепелашка“ од „Зодијак“ на Чивијашкиот карневал во Шабац

Танцовото студио „Зодијак“, како првонаграден учесник на прилепскиот карневал „Прочка“, вчера, 19 септември, учествуваше на Чивијашкиот карневал во Шабац, Србија.

Со маската „Пепелашка“, членовите на „Зодијак“ го претставија Прилеп и меѓународниот карневал „Прочка“ пред публиката, како и пред учесниците и гостите од повеќе земји.

Настапот на прилепските карневалџии беше можност традицијата и карневалската приказна на Прилеп да бидат претставени и надвор од Македонија.

Слични Објави