Затворениците од КПД Прилеп изработија нови боксови за службените кучиња – придонес за поголема безбедност

Во Казнено-поправниот дом Прилеп се преземаат активности за унапредување и зајакнување на безбедноста на установата. Во рамки на овие активности, изработени се нови боксови за службените кучиња кои се ангажирани во обезбедувањето на установата.

Со зголемувањето на бројот на службени кучиња, се прошируваат и капацитетите за нивно соодветно сместување, како и за нивно поефикасно ангажирање во обезбедувањето на надворешните ѕидови на КПД Прилеп.

Новите боксови се изработени од работно ангажираните осудени лица, во координација со установата. На овој начин, покрај подобрувањето на условите за службените кучиња, работниот ангажман на осудените лица се вклучува во конкретни активности од значење за функционирањето на установата.

Од Управата за извршување на санкциите посочуваат дека активностите се дел од пошироките мерки насочени кон зајакнување на безбедноста и подобрување на условите за работа во КПД Прилеп.

Слични Објави