МЕЧКА ЗАБЕЛЕЖАНА НАД ГОРНО КОЊСКО – НП „Галичица“ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ

Националниот парк „Галичица“ ја информира јавноста дека денес, според информации добиени од туристи, е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско.

Од паркот апелираат до жителите, посетителите, планинарите и сите кои престојуваат или работат во овој дел на Галичица да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките за безбедно движење во природа.

Воедно, се повикуваат граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица што престојуваат во овој реон да ја споделат информацијата, со цел навремена претпазливост и поголема безбедност.

Слични Објави