Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 17. седница – ќе се расправа ребалансот на Буџетот

Советот на Општина Прилеп утре (14 јули, вторник), со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп, ќе ја одржи својата 17. седница.

На дневниот ред се наоѓаат седум точки, а најзначајна е Предлог-измената и дополнувањето на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година (ребаланс на Буџетот).

Советниците ќе расправаат и за:

  • измена на Планот на развојните програми на Општина Прилеп за периодот 2026–2028 година;
  • измена на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2026 година;
  • давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ за периодот од 1 април до 30 јуни 2026 година;
  • годишните планови за вработување за 2027 година на основните училишта „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“;
  • именување член на Управниот одбор на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“.

ОТВ ќе ја следи седницата, а за најважните одлуки и дискусии јавноста ќе биде навремено информирана.

Седниците на советот се отворени за јавноста, а можете да го следите и директниот пренос на https://www.youtube.com/@opstinaprilep

Слични Објави