|

СВИКАНА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Претседателот на Советот на Општина Прилеп ја свика 5-тата вонредна седница на Советот, која ќе се одржи денес, 17 декември 2025 година (среда), со почеток во 15:00 часот.

На дневен ред на седницата се најдоа две точки:

  1. Предлог-заклучок по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп.
  2. Предлог-одлука за прифаќање на донација на детски новогодишни пакетчиња од компанијата КАМ ДОО.

Слични Објави