Студентка од Прилеп (Според неофицијални информаци) пронајдена мртва во стан во Солун
Случајот го открил близок роднина откако родителите подолго време не успеале да стапат во контакт со неа. Првичните информации на грчката полиција не укажуваат на траги од насилство
Дваесет и тригодишна девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во солунската област Неаполи, пренесуваат грчките медиуми. Според неофицијални информации, станува збор за студентка со потекло од Прилеп.
Трагедијата била откриена откако родителите на девојката подолго време не можеле да воспостават контакт со неа. Загрижени за нејзината состојба, тие побарале помош од близок роднина кој заминал до станот во кој престојувала, каде ја пронашол без знаци на живот и веднаш ги алармирал надлежните служби.
Грчката полиција и медицинските екипи веднаш излегле на терен. Според информациите од првичниот преглед на телото и досега прибраните материјални докази, не се утврдени траги кои би упатувале на кривично дело или насилно одземање на животот.
Надлежните органи во Солун ја продолжуваат истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на точните причини и околности под кои настапила смртта.


