Ученик од Прилеп со голем меѓународен успех во шахот – Павлески ќе ја претставува Македонија на Светското првенство
Ученикот Никола Павлески од III-1 клас во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ постигна значаен меѓународен успех на шаховските турнири одржани во Алексинац, Србија.
Како член на ШК „Мулти Есенс“, Павлески беше најуспешно пласираниот македонски шахист на двата турнири. На турнирот во стандарден шах „Опен Лав 2026“ го освои второто место и освои нови 36 рејтинг поени, со што неговиот рејтинг надмина 2000 поени. На турнирот во забрзан шах се пласираше на високото четврто место, при што и на двата натпревари остана непоразен.
Благодарение на овие резултати, Никола обезбеди учество на Светското младинско првенство во шах, кое ќе се одржи од 14 до 27 јуни во Монтесилвано, Италија. Тој ќе биде единствениот македонски претставник во својата категорија.


