Променливо време со дожд и грмежи, викендот постабилен

Во наредните денови нè очекува променливо облачно и релативно топло време, со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност.

Според прогнозите, утре ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, особено во попладневните часови. Во петок и за време на викендот времето ќе се стабилизира, при што ќе преовладува претежно сончево време со умерен до засилен северен ветер.

Од почетокот на следната недела, односно од понеделник, повторно се очекува зголемување на облачноста, со локални врнежи од дожд и можност за изолирани грмежи.

Слични Објави