Прилепчанец мислел дека може како неготинчани да пие – фатен со над 3 промили алкохол

Прилепчанец „претерал“ со неготинско гостопримство – возел со над 3 промили алкохол

Прилепчанец очигледно решил да не остане покусо од неготинчани кога станува збор за чашката, па наместо да застане на време – седнал зад волан со дури 3.08 промили алкохол во крвта.

Како што информираат од СВР Велес, во неделата во 08:50 часот во Неготино, на улица „Пекарев“, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. Тој управувал патничко возило „шкода“ со прилепски таблички, а при контрола било утврдено дека е под силно дејство на алкохол.

Според информациите, му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта – количина која, во шега, би рекле дека „и за неготински стандарди е многу“.

По насоки на јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, возилото одземено, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични Објави