СКРМ: Нема повеќе чекање, нема повеќе оправдувања и нема повеќе молк

Синдикатот на културата најави протест што ќе се одржи на 16 април (четврток) во 12 часот, пред Министерството за култура, поради, како што наведуваат, непочитување на колективните договори и игнорирање на правата на вработените во културниот сектор.

Од Синдикатот посочуваат дека колективниот договор е „под удар“, додека правата и достоинството на културните работници се сериозно нарушени. Тие обвинуваат за институционален молк и недостаток на слух за нивните барања.

„Нема повеќе чекање, нема повеќе оправдувања и нема повеќе молк“, порачуваат од Синдикатот, повикувајќи на масовна поддршка.

Главните барања на протестот се враќање на почитувањето на колективните договори, подобрување на условите за работа и враќање на достоинството на културните работници.

Организаторите ги повикуваат сите вработени во културата, како и граѓаните кои ја поддржуваат нивната борба, да се приклучат на протестот и заеднички да испратат порака за правда, почит и достоинство.

Слични Објави