Филмот „Франц“ за животот на Кафка ќе се прикажува во Прилеп
Биографската драма на режисерката Agnieszka Holland пред прилепската публика на 25 март
На 25 март 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во киното Кино „Мис Стон“ ќе биде прикажан филмот „Франц“, посветен на животот и делото на познатиот писател Франц Кафка.
Филмот го следи животниот пат на Кафка – од неговото раѓање до смртта, нудејќи интимен и драматичен приказ на еден од највлијателните автори во светската книжевност.
Режијата е на познатата европска режисерка Agnieszka Holland, а во главните улоги настапуваат Peter Kurth, Katharina Stark, Emma Smetana, Ivan Trojan, Carol Schuler и други.
Остварувањето е копродукција помеѓу Чешка и Германија, во жанрот драма и биографија, и е категоризирано во трета категорија.
Влезниците за проекцијата се достапни секој работен ден од 11:00 до 13:00 часот на билетарницата во киното, како и еден час пред почетокот на филмот.
Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат квалитетна европска продукција и да се запознаат поблиску со животот на еден од најзначајните книжевници на 20 век.


