|

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на државата

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во траење од 30 дена на целата територија на државата, поради, како што се наведува, судир на интереси околу користењето на изворите и транспортните патишта на стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во земјава.

Со стапувањето во сила на одлуката, се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано со цел следење на состојбата, координација на мерките и навремено реагирање.

Од Владата информираат дека сите органи на државната управа се задолжени да преземат конкретни мерки и активности за справување со кризата и ублажување на последиците од нарушеното снабдување со стратегиски енергенси

Слични Објави