ПРИЛЕПЧАНИТЕ РУБИН И ДУЛЕ ЈА ПОТПИШУВААТ НАЈНОВАТА ПЕСНА НА ВИС МЕМОРИЈА – „ЗА ДОБРО ДА Е“
Рубин Димкоски, кој од недоамна е гитарист на култните ВИС Меморија е автор на музиката на најновата песна, која ја промовираа на прес конференцијата, со која го најавија и концертот на 16. Ноември по повод 40 години постоење на македонската музичка сцена. Текстот е на Душко Темекоски – Дуле.
„ За добро да е“ (Само за добро да е) е песна која прв ја снима Филип Николоски во 2022 година и снима спот заедно со авторите Рубин и Дуле, а во него учествуваат уште неколку прилепски музичари.
Дуле, Филип и Рубин
Во верзијата на Меморија, главен вокал е Ристо Самарџиев, а на рефренот пее целиот бенд. Новата верзија претрпува минимални промени во аранжманот и го задржува оној „чардаш“ шмек кој преовладува и во оригиналната.