Јавна расправа за автопатот Прилеп – Битола: граѓани и еко активисти со забелешки за влијанието врз животната средина

Во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп денеска се одржа јавна расправа за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10Д, делница од автопатот Прилеп – Битола“.

Расправата беше иницирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од законската процедура во постапката за реализација на проектот.

На настанот присуствуваа граѓани, претставници на невладини организации и еко активисти од иницијативата „Спас за Прилеп“, како и жители од селото Оревоец, кои изнесоа дел од своите забелешки и грижи во однос на можните влијанија на проектот врз животната средина.

Студијата е изработена од Градежниот институт Македонија по барање на инвеститорот – Јавното претпријатие за државни патишта, а доставена е до општините Битола, Прилеп, Могила и Новаци.

Граѓаните своите коментари и забелешки можат дополнително да ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање на електронската адреса infeko@moepp.gov.mk.

Слични Објави