Одлета непокорниот дух на бунтовникот без влакна на јазикот – Кирил Поп Христов – Кили
Вчера во Еквадор почина Кирил Поп Христов – Кили (58) актер, музичар и бунтовен дух, еден од најмаркантните ликови на македонската уметничка сцена. Со својот неконвенционален пристап кон уметноста и воопшто кон јавниот настап, остави неизбришлива трага во театарот, филмот и музиката. Кили беше уметник кој не се вклопуваше во рамки – автентичен, провокативен и свој.
Во Еквадор се пресели во 2014 година. Во последните години често патуваше на релација Македонија – Еквадор, но последната година и половина ја помина таму. Неговите последни видеа на социјалните мрежи ги објави на крајот на минатата година.
Неговото име ќе остане запаметено како симбол на слободен уметнички дух и непокорна креативна енергија.


