|

Дизелот скока за 14,5 денари, бензинот за 5

Дизел-горивото поскапува за 14,5 денари, а бензините за пет денари од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Со новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светските пазари бележат значително зголемување. Бензините се поскапи во просек за 13,38 проценти, дизелот за 36,13 проценти, екстра-лесното масло за 32,1 процент, а мазутот за 27,87 проценти.

Од утре во 00:01 часот, еден литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 79,5 денари, додека еуросупер БС-98 ќе чини 81,5 денар.
Еуродизел БС (Д-Е V) ќе достигне цена од 85,5 денари за литар.

Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 82,5 денари за литар, односно зголемување од 12,5 денари, додека мазутот ќе се продава за 42,586 денари за килограм, што е поскапување од 7,04 денари.

Причината за новиот ценовен шок, според објаснувањата, е растот на цената на нафтата на светскиот пазар, која надмина 100 долари за барел по намалувањето на производството од дел од земјите од Блискиот Исток и нестабилноста предизвикана од војната во регионот.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија ја укина и одлуката според која ќе интервенираше кога цените ќе се менуваат за повеќе од два денари. Тоа значи дека Комисијата повторно ќе заседава само еднаш неделно, во понеделник.

На терен веќе се чувствува нервоза – на дел од бензинските пумпи се создава метеж, а земјоделците предупредуваат дека поскапу

Слични Објави