(Видео) „Кој рече дека жените не можат?“ – Габриела Илиевска со порака за храброст и промени во Битола
Кандидатката за градоначалник на Битола, Габриела Илиевска, во својата кампања испрати силна порака за еднаквост и решавање на локалните проблеми.
„Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?“ – истакнува Илиевска, повикувајќи на конкретни решенија и нов пристап во управувањето со Битола.
Кампањата се одвива под мотото #ДаСиЈаВратимеБитола и со слоганот #БитолаПредСѐ, при што кандидатката ги користи и симболичните хаштагови #KamioncetonaGabi и #Поинаку за промовирање на своите идеи и активности.
Илиевска се обраќа до граѓаните со порака за поддршка и заедничко решавање на предизвиците со кои се соочува општината.


