Нова механизација за ЈКП „Пролетер“
Општина Ресен, во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) и Министерството за локална самоуправа, денес обезбеди нова механизација за унапредување на работата на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“.
Во рамките на проектот, претпријатието доби мини багер гусеничар и транспортна приколка, со што значително ќе се зголеми ефикасноста и брзината при извршување на теренските активности.
Новата опрема ќе овозможи полесно и поефикасно справување со секојдневните задачи на „Пролетер“ и ќе придонесе кон подобрување на комуналните услуги за граѓаните на општина Ресен.


