34 години независна Македонија одбележани во Прилеп
Денес, 8 Септември, во Прилеп беше одбележан големиот државен празник – 34 години од независноста на Република Македонија.
По тој повод, од името на Локалната самоуправа и во свое лично име, градоначалникот Борче Јовчески, им го честиташе празникот на сите граѓани, истакнувајќи дека 8 Септември 1991 година е датум кој засекогаш останува врежан во македонската историја и колективна свест.
„Со иста гордост и решителност ја чествуваме независноста, продолжувајќи ја визијата на сите херои кои придонеле за тоа што денес го имаме. Нашата обврска е да го чуваме тој завет и да вложуваме во развојот на општините и на татковината“, се вели во пораката.
Во честитката беше нагласено и дека Прилеп, како град на храброста, историјата и традицијата, ќе продолжи да биде двигател на развојот и пример за идните генерации.
„Нека ни е вечна Република Македонија, нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста“, завршува пораката.







