ОТКРИВАЊЕ НА СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ

На 30 август, Битола ќе му оддаде почит на македонскиот револуционер Александар Турунџев со свечено откривање на неговиот споменик. Настанот ќе биде проследен со поворка низ градот, на која граѓаните ќе имаат можност да се приклучат и да го одбележат овој историски чин.

Свеченоста ќе започне во 19:30 часот пред Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“. Поворката потоа ќе продолжи кон Плоштадот Магнолија (19:45), Мостот кај Безистенот (20:00), Ат Пазар (20:15), за да заврши во 20:30 часот на Кружниот тек кај Ветеринарната станица, каде е поставен споменикот.

„ Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Неговиот споменик е нашиот завет.,“ велат организаторите.

Споменикот на Турунџев ќе претставува потсетник за генерациите дека неговото дело не е само дел од историјата, туку и светлина што води напред.

Слични Објави