| |

Баскерфест Караван 2025 доаѓа во Прилеп

По неколкугодишна пауза, уличниот фестивал „Баскерфест Караван 2025“ повторно ќе ја донесе уличната магија, културата и забавата во Прилеп. Настанот ќе се одржи на 28 август (четврток) на плоштад „Методија Андонов-Ченто“ со почеток од 19 часот.

Фестивалот ќе понуди спектакуларни настапи на уметници од Македонија и странство – музичари, акробати, театарски трупи и перформери од различни жанрови. Публиката ќе може да ужива во уникатни изведби исполнети со уметност, смеа и незаборавна атмосфера.

Центарот на Прилеп ќе се претвори во голема сцена на отворено, со цел да му се даде нова енергија на градот и да се создаде вистински спектакл за сите генерации.

Слични Објави