|

Разговор со Дејан Проданоски Претседател на Совет на Општина Прилеп – Родово Одговорно буџетирање

Во разговорот со Дејан Проданоски Претседател на Совет на Општина Прилеп се наметна и прашањето кое не може да биде изоставено околу Родовото одговорно буџетирање – РОБ. Проданоски потенцира дека комисијата за родова еднаквост е на правиот пат, комисија која во својот состав има повеќе советнички од советници, има изготвено програма, а општината за прв пат извојува средства за комисијата за родова еднаквост.

Кое е значењето на РОБ и како може да се примени во нашата заедница? Родовото одговорно буџетирање (РОБ) е вклучување на родовите перспективи во буџетскиот процес. Ова е важен концепт за постигнување на рамноправност и социјална инклузија. Накратко, родовото буџетирање е стратегија и процес со долгорочна цел да се постигнат целите за родова еднаквост. Концептот на РОБ нè поттикнува да размислуваме како да ги вклучиме родовите перспективи во буџетскиот процес, и да ги зголемиме шансите за постигнување на рамноправност.

Репортер – Оливера Мицеска

Слични Објави