Прва независна кандидатка за градоначалник во Прилеп – Павлинче Матеска
Прилеп со нова жена кандидат за градоначалник- Павлинче Матеска влегува во трката како независна
Павлинче Матеска, објави дека ќе се кандидира за градоначалничката функција на претстојните локални избори. Таа ќе настапи како независна кандидатка, поддржана од група граѓани.
Во својата објава на Фејсбук, Матеска порача дека ќе се залага за:
- Транспарентно и одговорно работење,
- Подобрување на квалитетот на животот на сите жители,
- Развој на Прилеп.
„Прилепчани и прилепчанки! Денес официјално ја започнав постапката за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп предложена од група избирачи! За транспарентно и одговорно работење! За подобрување на квалитетот на животот на сите жители!“ За развој на Прилеп – на својот ФБ профил ја соопшти одлуката.



