|

КУД „Илинден“ Демир Хисар со прва награда и плакета „Чувари на традицијата“ во Вевчани

На 17 август, културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Демир Хисар настапи на 15-тото издание на Меѓународниот фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани.

Пред бројната фестивалска публика, ансамблот се претстави со сценската адаптација „Горноселски велигденски собор“, за која стручното жири ја додели првата награда за најуспешна презентација на традиционален фолклор.

Успехот беше крунисан на 19 август, на свеченото затворање на фестивалот, кога на КУД „Илинден“ му беше врачена и престижната плакета „Чувари на традицијата“, што традиционално се доделува на најуспешниот ансамбл-учесник.

Слични Објави