8 август – ден на тага и сеќавање за Прилеп (видео)
Денес, Прилеп се поклони пред споменот на загинатите бранители кај Карпалак – еден од најтажните настани во поновата историја на градот. Со минута молк и положување свежо цвеќе, граѓаните и институциите испратија порака – ваква трагедија никогаш да не се повтори.
Свежо цвеќе положија семејствата на загинатите херои, политичките партии, претставници од Министерството за одбрана, Армијата, МВР, Собранието на Македонија и Советот на општина Прилеп. На комеморацијата се обратија поранешниот градоначалник Марјан Ристески и актуелниот градоначалник Борче Јовчески, кои нагласија дека сеќавањето на Карпалак е трајна обврска кон жртвата на бранителите и заедничката иднина на државата.



