Промоција на книга за локални политики инспирирани од Њу Орлеанс
Вечерва, на 25 јули 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“.
Промотор на публикуваниот труд е д-р Ана Блажева, вонреден професор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. На промоцијата свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески и Алисон Поорт, шеф на кабинет на еден од седумте советници во Градскиот совет на Њу Орлеанс, Луизијана, САД.
Книгата е модел за локална промена, преку зајакнување на релацијата: локална власт-заедница, со активно и конструктивно ангажирање на заедницата во процесот на креирање на јавните политики, одлучување и инвестирање на општинскиот буџет, со цел поголем фидбек од локалната власт како одговор на испорачаните молби, барања и потреби на припадниците на заедница во сите сфери од општествениот живот.
Ова истражување е спроведено во Њу Орлеанс, со претставници на Градот, Советот и други институции, чии перспективи овозможуваат практични решенија што можат да се приспособат на локалниот контекст во Прилеп и другите општини во државата.



