|

Ќе се обновуваат улиците „Гоце Делчев“, „Пелагонија“ и Српци – Беранци

Денес беше потпишан договор за реализација на три значајни инфраструктурни проекти на територијата на Општина Могила. Станува збор за изградба и реконструкција на три улици кои се од големо значење за жителите и локалниот развој:

Адаптација и рехабилитација на улицата Српци – Беранци
Реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во Могила, заедно со изградба на атмосферска канализација
Реконструкција на улицата „Пелагонија“ во Могила, исто така со нова атмосферска канализација.

Со овие проекти се предвидува значително подобрување на квалитетот на сообраќајната инфраструктура, полесно и побезбедно движење, како и решавање на проблемите со атмосферските води.

„Ова се вложувања кои директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, ја унапредуваат инфраструктурата и ја прават нашата општина поуредена и пофункционална,“ истакна градоначалникот Драганчо Саботковски по потпишувањето на договорот.

Слични Објави