|

Дијабетичарите во Македонија со остра реакција до Министерството: „Излажани и изиритирани“

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија повторно алармира дека правата на пациентите со дијабетес се сериозно загрозени. Во писмо до министерот за здравство, Азир Алиу, посочуваат дека критериумите за избор на глукометри, ленти, сензори и инсулин се сведени на најниска цена, што ги поткопува потребите на пациентите за современа терапија и квалитетна опрема.

Иако тендерот за инсулинска терапија е завршен и договорите се потпишани пред речиси два месеци, нови пациенти сѐ уште не можат да ја добијат потребната терапија. Достапните количини се минимални, а пациентите чувствуваат дека се излажани од страна на институциите.

Дополнителна загриженост предизвикува најавената ревизија на веќе постоечката терапија за сите пациенти од страна на Комисијата за дијабетес. Сојузот прашува како е можно некој кабинетски да одлучува која терапија е соодветна, наместо тоа да го прават обучени ендокринолози. „Дали сите 40.000 пациенти треба да одат на преглед во Министерството? И дали ќе се закажува преку ‘Мој термин’?“ — иронично прашуваат од Сојузот.

Дијабетичарите бараат:

  • итна испорака на современа терапија во аптеките,
  • деблокирање на системот за нови пациенти,
  • распишување на тендер за глукометри и сензори со прифатливи критериуми,
  • итна ревизија на законските ингеренции на Комисијата.

„Спремни сме на дијалог, но не и на повторување на грешките од минатото. Ако нема реакција, ќе излеземе на протест пред Министерството и Владата“, порачаа од Сојузот.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија повторно алармира дека правата на пациентите со дијабетес се сериозно загрозени. Во писмо до министерот за здравство, Азир Алиу, посочуваат дека критериумите за избор на глукометри, ленти, сензори и инс

Слични Објави