Детски цртеж и филмска музика – уметноста низ детските очи
На 30 јуни 2025 година, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 19 часот, ќе се одржи несекојдневен културен настан под наслов „Детски цртеж и филмска музика“, во организација на ПМУ Алто Арт и Ателе Артика.
Настанот претставува уникатна спојка на визуелната уметност и музиката, каде најмладите уметници – ученици од музичкото училиште и ликовната школа – ќе ги претстават своите дела инспирирани од светот на филмската музика.
Под водство на менторите Катерина Попоска (пијано), Илија Чакароски (гитара) и Филип Бурнески (тапани), децата од Алто Арт ќе изведат музички точки кои ќе ги придружуваат изложбените дела изработени под менторство на Елена Димоска и Методи Исков од Ателе Артика.
„Целта на настанот е да се поттикне креативноста кај децата и да се прикаже нивната способност да создадат комплетни уметнички дела, каде звукот и сликата се надополнуваат,“ велат организаторите.
Настанот е отворен за јавноста, со влез слободен, и нуди ретка можност да се види и чуе како најмладите го интерпретираат светот околу себе – преку боите на четката и звуците на музичките инструменти.



