|

Манастирот Св. Константин и Елена побкиску до нас – изградба на патот

На барање на жителите а согласно приоритетите на Општина Демир Хисар започната е имплементацијата на проектот за изградба на сообраќајна инфраструктура кој опфаќа изградба на пат до манастирот Св. Константин и Елена и 2 улици во населеното место Вардино.

Проектот е дел од предлозите кои беа произнесени во рамките на серијата на регионални форуми на заедницата во Пелагонискиот плански регион кои се одржаа како алатка за приоретизација на регионални проблеми.

Овие патни правци се од клучно значење за населението кое гравитира на овој дел од општината а дел од нив досега беа со земјен коловоз, движењето беше забавено и отежнато што со овој проект ќе се реши и ќе се овозможи побрза и поефикасна мобилност на населението.

Општина Демир Хисар го имплементира овој проект во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а истиот е финансиски поддржан во рамките на Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа

Слични Објави