| |

Листи на баратели кои ги исполниле/не ги исполниле критериумите за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците зa набавка на грејно тело со инвертор за 2025 година

Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп зa набавка на грејно тело со инвертор за 2025 година, а во согласност со Јавниот повик од 2025 година, согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер  година број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021) и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертер број 09-571/6 од 12.02.2025 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.2 од 12.02.2025) и и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер за 2025 година број  09-571/5 од 12.02.2025 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.2 од 12.02.2025),  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за за набавка на грејно тело со инвертер за 2025 година.

Од вкупно пристигнатите 305 (триста и пет барања), 288 (двесте осумдесет и осум) баратели ги исполниле критериумите, 1 (еден) барател го повлекол барањето, а 16 (шестнаесет) баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2024 година.

Листите ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во период од 15 дена од денот на објавувањето.

Слични Објави