1ТВ: Реформи во РСМ, што после извештајот на ЕУ – разговор во Студио 1 со Александар Цветкоски, АГТИС
„Донесени се доста закони, има неколку квалитетни закони, а допрени се сектори како полицијата, судството, но имплементацијата доцни. Требаше некои работи да почнат на 1 јуни. Безбедносните служби требаше по нов терк да работат на 1 јуни, но ќе почнат на 1 септември, ако ги земеме безбедносните служби, тие не беа сериозно допрени од 90-те години, а беа инволвирани во сите наши неволји кои ги имавме досега и рекоја со самото доаѓање на нова Влада дека е доста, мораме потемелно да се реформираме.
Сепак, политичарите не се во јавната администрација. Тие гледаат отстрана. Суштината на јавната администрација се јавните административци, и тие знаат како да го закочат процесот. Ете, видовте што се случи со Советот за судски реформи. Многу просто, беше исфрлена Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев си замина сам.
Има некреативна инерција во јавната администрација“ – вели Александар Цветкоски, АГТИС.
Повеќе на видеото.