Во чест на Панчо Чупаркоски: Off-Road Прилеп Македонија со три екипи на трката „Блидиње“ во Босна
Со голема тага, но и гордост, членовите на клубот Off-Road Прилеп Македонија ќе учествуваат на престојната трка „Блидиње“ во Босна, исполнувајќи ја последната желба на нивниот другар и претседател на клубот – Панчо Чупаркоски, кој неодамна го загуби животот.
Во негова чест, клубот ќе се претстави со три екипи:
- Прв тим: возач Игор Трајковски и совозач Давид Трајковски
- Втор тим: возач Наум Ристески и совозач Андреј Ристески
- Трет тим: возач Атанас Трајчевски и совозач Пеце Трајковски
„Ова учество го посветуваме на нашиот претседател и пријател. Панчо секогаш велеше дека тимот од Прилеп мора да биде дел од оваа трка, а ние сме тука да ја исполниме таа негова последна желба,“ велат од клубот.
Со ова, членовите на Off-Road Прилеп Македонија уште еднаш ја покажуваат својата сплотеност, почит и љубов кон својот претседател, чиј дух и ентузијазам ќе продолжат да ги водат на сите идни предизвици.
Почивај во мир, Панчо. – Напишаа на Фејсбук профилот Off Road Prilep



