ВЕЧЕРВА СО LOCKDOWN ЌЕ ТАНЦУВАМЕ ВО ЦРНО БЕЛ СВЕТ
Трет настан од проектот Од 0 до Култура 2024. Младите LOCKDOWN со трибјут за „Прљаво казалиште“
Lockdown е бенд,основан во 2020. Поставата е менувана многу пати, а за оваа сега се вели дека е најдобра, Нена Тодороска на микрофон, Кирил Младеноски на гитара, Михаил Грашкоски на тапани и Димитар Јованоски на клавијатури. Млади, надежни, талентирани, препознатливи по своите акустични свирки на ex-yu музика, каде можете го слушнете и Здравко Чолиќ, ама и Прљаво Казалиште,Зана итн. Некои овие хитови ќе ги вратат во младоста, а на некои ќе им бидат одлична можност за да ги слушнат во живо. Добар репертоар, пред се разновиден, кој ќе ве потсети на поголемиот дел на ex-yu хитови, од сите безвременски бендови, а и ќе ви прелета по некој англиски хит.
See less