(видео) Мариовската носија и Саат кулата на Европските денови на култура
Учениците од СОУ Ѓорче Петров се првите средношколци од Прилеп кои зедоа учество на Европските денови на културата, манифестација што се одржува низ цела Европа.
Тие активно се вклучија во еден од конкурсите за млади,поврзани со културното наследство во рамките на Европските денови на културното наследство организира од Советот на Европа и Европската унија.
Работејќи во два тима заедно со менторот, професорката Билјана Тошеска, секој тим изработи триминутно видео .
Првиот тим составен од Мила Ристеска,Дамјан Николоски,Ангела Наумоска,Адемина Топалоска од 1-2,го изработија видеото на тема “Mariovo folk costume”
Вториот тим составен од Калина Стојановска,Ивана Паскоска,Стефанија Пилоска и Озлем Ораноска од 1-1,изработија видео на тема” Tower clock in Prilep ”



