Тризла – улица или тркачка патека?
Денес, жена на околу 70 години удрена од мотоциклист на ул „Тризла“ во Прилеп. Невнимателниот возач со многу поголема брзина од дозволената ја удрил жената која возела со својот велосипед. После инцидентот жената е префрлена со амбулантно возило во градската болница. Инцидентот се случил во близина на ОУ„Добре Јованоски“ и е добро што нема порвредено повеќе лица, затоа што тука секогаш има поголема фреквенција на пешаци и особено деца.
За здравствената состојба на жената, немаме информации.
Апелираме до локалната самоуправа да се постават „легнати полицајци“, за да се заштитат пред се децата, а и сите други, затоа што според кажувањата на жителите на оваа улица, брзото возење е секојдневие и инциденти има многу често.