Шаховски турнир во Кривогаштани
Општина Кривогаштани во соработка со Шаховскиот сојуз на Кривогаштани и интернационалниот мајстор и поранешен шампион на Македонија Тони Кироски организираше шаховски турнир во забрзан шах.
Од вкупно пријавени 26 играчи, најдобри резултати има Милорад Здравкоски, а по него следат Александар Алјакоски и Благоја Колески.

За поздравување е настапот на Спасе Вртески како најстар учесник и Петар Каравилоски како најмладиот шахист на овај шаховски турнир.Преку овој шаховски турнир, Општина Кривогаштани ги поттикнува жителите да се дружат, да споделуваат знаења, да ја развиваат меморијата и мисловните вештини.
Шахот како спортска дисциплина овозможува подобрување на концентрацијата, математичките вештини и логичкото размислување.Општината обезбеди награди за четворицата првопласирани шахисти и во иднина ќе ги поддржува овие значајни шаховски активности.