ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КРАЦИ ОД КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО ДОБРУШЕВО – ОПШТИНА МОГИЛА
Изминатава година во два наврати се изградени краци од фекална канализациона мрежа со приближна должина од 2 000 метри.
Веќе е почната изградба на трета фаза, ќе се градат нови краци во должина од околу 500 метри и вредност од приближно 3 000 000 денари, со што најголем дел од селото ќе биде опфатено и набрзо ќе може да се приклучат.
Се решаваат повеќедецениските проблеми на жителите, градежни активности продолжуваат со цел подобрување на условите на живот на жителите во општина Могила.