КРУШЕВО КАКО ПРИКАЗНА ОД ЧЕТИРИ СЕЗОНИ (видео)
Крушево како дестинација за четири сезони, го промовира зголемувањето на понудата во делот на алтернативните форми на туризам, која е многу подоходовна за лoкалната економија, значи искористување на сите уникатни, природни ресурси.
Градот е Мека и Медина за љубителите на адреналин и активен туризам, како и за сите љубители на традицијата, културата и религијата. Како основа за реализација на ваквите патувања е полетувалиштето и неговите придружни содржини, црквите и манастирите во Крушево и околината, бројните споменици на културата во градот, историските споменици, надополнети со угостителите и хотeлиерите кои на своите менија имаат традиционална крушевска храна кој може да се вкуси само тука и на никое друго место.
Видеото е поддржано од Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија со финансиски придонес на ЕУ (во рамките на распределбите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2018-2020 година