Прилеп добива Дневен центар за активно стареење со поддршка од Светска банка
Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени заеднички вложуваат во унапредување на грижата за старите лица преку воспоставување на социјалната услуга – Дневен центар за стари лица со активно стареење, што ќе се реализира со финансиска поддршка од Светската банка преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Договорот за воспоставување на Дневен центар за стари лица со активно стареење, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светската банка и спроведен преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, вчера го потпиша градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.
Центарот претставува значаен чекор во унапредувањето на грижата за постарите лица во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Неговата главна цел е да обезбеди дневна грижа, социјална интеграција, дружење и активности за подобрување на физичкото и менталното здравје на старите лица, со фокус и на поддршката на жени во старост.
Проектот е финансиран со вкупна вредност од 2.016.590 денари, од кои: 170.456 денари ги обезбедува Општината Прилеп, а 426.600 денари или повеќе обезбедува давателот на услугата, во согласност со трошоците за набавка на стоки, опрема и услуги, предвидени во поднесениот проект.
„ Дневен центар за стари лица за активно стареење – современ простор кој ќе овозможи социјална интеграција, дневна грижа, дружење и активности за унапредување на менталното и физичкото здравје на постарите сограѓани.“ изјави градоначалникот Борче Јовчески.
- промоција на здраво, пристојно и самостојно стареење,
- социјално зајакнување и квалитетно стареење,
- еднаков пристап до услуги во локалната заедница,
- поддршка на процесот на децентрализација на социјалната заштита,
- и конкретен придонес кон Агендата 2030 за одржлив развој.
„ Преку оваа услуга ќе ќе се обезбеди помош и поддршка за социјално зајакнување на старите лица и подобрување на социјалните и културните стандарди на живот и начинот на живот со кои се овозможува здраво и активно стареење. Фокусот ќе биде и на поддршка на жените во старост, имајќи предвид дека тие почесто живеат сами, се соочуваат со поголеми здравствени и економски предизвици, а поретко се вклучени во заедницата,“ истакна Марина, дел од тимот што работи на иницијативата.
Оваа услуга ќе овозможи помош и поддршка за социјално зајакнување, унапредување на социјалните и културните стандарди и промоција на здрави навики кои водат кон активно стареење. Центарот ќе биде место за дружење, нега, едукација и културни активности – прилагодено на потребите на постарата популација во овие три општини.