Слатката бајка „Ивица и Марица“ оживува утре во Прилеп

Театарската радост за деца продолжува со претставата „Ивица и Марица“ во изведба на Мал Театар Прилеп, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Секако и оваа претстава е дел од Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, кој оваа година повторно носи богата програма и насмевки за најмладите.



Претставата „Ивица и Марица“ е приказна која носи поучна порака, а актерите од Мал Театар Прилеп, сигурно ќе ја исполнат со многу љубов, боја и музика, како што заслужува секое дете, кое ќе седне во театарската сала.

За сите заинтересирани родители и посетители, информации за билети се достапни преку порака во инбокс. https://www.facebook.com/malteatar

Настанот ветува незаборавно искуство за децата и нивните семејства.

Слични Објави