Отворена изложба и промовирани албуми на „Чоканче“

Во пријатна, топла и весела атмосфера, синоќа во Ликовната галерија во Прилеп се одржа ретроспективна изложба по повод 40 години од постоењето на музичката група „Чоканче“, како и промоција на албумите „Чоканче 1 & 2“ и „Апсолутно романтично“.



Настанот привлече бројни љубители на музиката и уметноста, кои преку фотографии, видео материјали и архивски содржини имаа можност да се запознаат со четиридеценискиот творечки пат на бендот, кој остави силен белег на македонската алтернативна сцена.

Присутните ги поздравија Марија Попова Јованоска, директорка на Центарот за култура – Прилеп, Сашо Илковски, директор на Центарот за култура од Битола како партнерска институција во реализацијата на настанот, како и членот на групата „Чоканче“, Палјачо, кој се осврна на историјата и значењето на бендот.

Изложбата и промоцијата беа вистинско потсетување на енергијата, креативноста и автентичноста на „Чоканче“, а публиката со голем интерес и емоции го проследи овој јубилеен настан.

Фото: НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп

Слични Објави