| |

(ВИДЕО) Каква е состојбата со јавното осветлување, хигиената на градот, кучињата скитници, организирање на „Фестивал на пивото 2024“ Дел од прашањата на 45 седница Советот на Oпштина Прилеп

На денешната редовна 45-та седница која ја одржа Советот на Oпштина Прилеп беа поставени многу советнички прашања, каде советниците бараа одговор за работата на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија за:

  • состојбата со јавното осветлување,
  • хигиената на градот, кучињата скитници,
  • изградбата на фабриката за селекција на отпад,
  • за важноста од функционирањето на детската градинка во населба Точила,
  • за состојбата со водоснабдувањето во градот и населените места итн, на кои конструктивно и темелно одговараше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и раководителите на јавните комунални претпријатија

Советниците ја продолжија седницата со разгледување и усвојување на предлозите за формирање на комисии за работа. Поради промена на советничкиот состав беа разгледеани и усвоени предлог – решенијата за:

  • измена и дополнување на решението за формирање Комисија за родова еднаквост,
  • измена и дополнување на решението за формирање Комисија за изработка на програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2021-2025 година,
  • измена и дополнување на решението за формирање Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата,
  • измена и дополнување на решението за избор на Комисија за мандатни прашања,
  • измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за финансирање и буџет и предлог-решение за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за статут и прописи.

На седницата на Совет беше дадена согласност за определениот локалитет за организирање на „Фестивал на пивото 2024“ и беше прифатена предлог -одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за два часа во три работни дена за време на одржување на „Фестивалот на пивото 2024“.

Со мнозинство на гласови беше усвоен

  • тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година
  • и беа именувани претставници на Општина Прилеп во училишните одбори на: ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани – Прилеп, ООУ,,Страшо Пинџур’’- с. Мало Коњари – Прилеп, OОУ,,Кире Гаврилоски-Јане’’- Прилеп и
  • дадено позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ ,,Блаже Конески’’- Прилеп

Во продолжение е видеото од 45-тата седница на Советот на Општина Прилеп која одеше во живо.

Слични Објави