Најмалите во посета на општината
Општината како институција е отворена за сите граѓани па и за најмалите. Денеска дечињата од предшколска возраст од детската градинка „11 – ти Септември“, беа во посета на Општина Ресен.
Децата беа запознати со работата на службите на Општина Ресен како и со работата на Градоначалникот, исто така беа посетени и големата сала каде се одржуваат и разни состаноци како и малата сала каде се одржуваат седниците на Советот на Општина Ресен.
Фото – Општина Ресен