|

Магла на Плетвар видливост до 30 метри – зимски услови скоро секаде

Зимски услови на патиштата – магла и слаб снег на неколку правци

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.



На планинскиот превој од село Лисец кон Попова Шапка има мали остатоци од снег на коловозот, додека слаб снег паѓа на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, но засега не се задржува на патот.

Поради магла, намалена видливост е регистрирана на неколку превои:

  • Плетвар – до 30 метри
  • Ѓавато – до 100 метри
  • Превојот кон Крушево – до 40 метри

Од АМСМ апелираат на зголемена внимателност при возење.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Зимската опрема е задолжителна
АМСМ потсетува дека обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата е во сила од 15 ноември 2025 и трае до 15 март 2026 година, без оглед на временските услови.

Посебна претпазливост се препорачува на патните правци:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

поради можност од одрони, особено низ котлини и клисури.

Патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила и ќе биде недостапен до 31 март 2026 година поради сезонски режим.

Слични Објави