Гимназијалецот Петар што донесе сребро од Ријад, се сретана со Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими средношколците-олимпијци, кои освоија сребрен и бронзен медал и ја претставија Македонија на 56. Меѓународна олимпијада по хемија.
Таа им честита за постигнувањата и им посака да бидат поттик и инспирација за сите млади луѓе што се занимаваат со научноистражувачка работа.
„Нивните досегашни постигнувања на повеќе меѓународни и домашни натпреварувања треба да бидат поттик и инспирација за сите млади луѓе што се занимаваат со научно-истражувачка работа.
Ја истакнав својата заложба за изнаоѓање на одржливо системско решение за логистичка и финансиска поддршка на идните учества на македонски претставници на слични натпреварувања.“ Изјави Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова,
Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ го донесе сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што од 21 до 30 јули се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.
Целиот македонски тим на оваа Олимпијада покажа завидни резултати: Марио Ванчоски и Иван Костевски од Гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје.
Фото – ФБ Gordana Siljanovska Davkova