Детектирани се црните точки – Нова сигнализација на патот Градско – Прилеп поради зголемен број на несреќи

На експресниот пат Градско – Прилеп, каде што во неколку месеци од пуштањето во употреба се случија пет сообраќајни несреќи со смртни последици, ќе се воведе нова сообраќајна сигнализација. Проблемот е детектиран, а во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе биде изработен проект за подобрување на безбедносната сигнализација на оваа делница.



Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Коце Трајановски, истакна дека службите веќе ги идентификуваат најризичните „црни точки“ на сообраќајниците низ државата. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, тие работат на подобрување на сигнализацијата на критичните делници, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Експресниот пат Градско–Прилеп, каде што во рок од неколку месеци од пуштањето во употреба регистрирани се пет смртни случаи, ќе добие нова, подобрена сигнализација. Изготвен е проект кој е доставен до Министерството за транспорт за одобрување, по што ќе следи негова имплементација. Целта е намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на оваа делница.

ОТВ, минатата недела кога се слчучи последната несреќа со две жртви објави напис во кој нотира дека експресниот пат, кој беше пуштен во употреба пред неколку месеци, е небезбеден според изјави на возачи и патници кои секојдневно го поминуваат овој пат.

Слични Објави